
Трамп: Разочаран сум од Путин, ќе му го скратам рокот за Украина!
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека е разочаран од претседателот на Русија, Владимир Путин, и дека ќе го скрати рокот од 50 дена што му го даде на Путин за постигнување договор за прекин на огнот во Украина. „Разочаран сум од Путин.
Ќе го скратам рокот од 50 дена за постигнување договор за Украина. Ќе му дадам помал број“, рече Трамп пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска, пренесува Ројтерс.
Агенцијата наведува дека Трамп, сепак, не кажал кој ќе биде новиот рок, објави 4NEWS.mk