Одлична недела за клупскиот фудбал: Вардар донесе нови рејтинг-поени за Македонија, шансите да се мине Лозана сега се 40%

Спорт

Одлична недела за македонскиот клупски фудбал, што се однесува и од аспект на подобрувањето на рејтинг-коефициентот на листата на УЕФА.

Со претходната победа на Шкендија над романскиот шампион ФЦСБ, и синоќешниот триумф на Вардар против швајцарска Лозана, Македонија сега со вкупен рејтинг-коефициент од 5.916 скокна уште една позиција на листата на УЕФА и пред Грузија.

Победите на Шкендија и на Вардар, донесоа +1.5 рејтинг поени, па Македонија сега е пред бегство од групата во која се Грузија, Велс, Гибралтар и Сан Марино, што се однесува до клупскиот фудбал.

Но, сега и Вардар е со далеку поголеми шанси да обезбеди место во 3. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

Пред мечот со Лозана, на најтрофејниот македонски клуб му се даваат само 15% можност да ги мине Швајцарците, а сега Вардар е со 40% шанси да се најде во третата рунда натпревари.