Ексминистерот Османи не е првиот што се обиде да го редефинира македонскиот јазик

Македонија

Во потрага по сеопшта согласност за востановување монолитна научна подлога на она што треба да го следиме како нација (2)

Во денешниот текст се надоврзуваме на вчерашната анализа инспирирана од суштински/битни ставови изнесени во јавноста од страна на поранешниот пратеник Илија Димовски во врска со општествениот феномен „национално единство – консензус“. Како што констатиравме вчера, токму гореспоменатиот феномен (национално единство) во пошироката македонска јавност одамна е детектиран како дефицитарен кај нас, а е есенцијално потребен фундамент при градењето на стратегиските долгорочни политики на македонската држава и нација.
Во тој контекст, поранешниот пратеник Илија Димовски деновиве елаборираше став (низ еден различен ракурс, спротивен од вообичаено експлоатираниот приод во јавноста) во кој тој во прв план ја постави „научната подлога за единство/консензус“, како фундамент на сите други сеопшти согласности, обединетости, здруженост, консензус… Денеска, во текстот што следува, ќе го опфатиме делот на експликацијата на Димовски во кој тој детектира малигна малформација при третирањето на македонскиот јазик, што е со умисла вметната во „етничка лабораторија“ за тоа да направи деформитет при натамошниот третман и односот кон македонскиот јазик. Токму тој „ин виво експеримент од етничка лабораторија“ е постапка за која највисока одговорност по вертикала има ексминистерот Бујар Османи, како министер во МНР.
Оттогаш, вметнатите деформации што се однесуваат на интегритетот и дијалектната интегралност на македонскиот јазик се генерираат уште пожестоко, преку практикувањето на политиките на тогашните носители на јавна власт, а се провлекуваат и ден-денес, преку потпишаните договори што се однесуваат на нашата држава и прават ненадоместлива штета…

Ставот на поранешниот пратеник Илија Димовски изнесен деновиве во јавноста е дека „Преспанскиот договор е практично почеток на онаа етничка лабораторија што треба од Македонците да создаде граѓани на Република Северна Македонија. За жал!“

Целиот текст на Нова Македонија