Костадиноски: Нов уреден кеј во Ротинце – простор за рекреација и прошетки

Македонија

Градоначалникот Димитар Костадиноски соопшти дека успешно е завршен уште еден важен проект во општина Јегуновце – уредувањето на кејот на реката Вардар во село Ротинце. Проектот е реализиран по барање на жителите на ова населено место и обезбеди двојно подолг и поголем простор за седење и пешачење.

Овој новоуреден кеј претставува омилено место за рекреирање и одмор на жителите на Ротинце, кои сега имаат пријатен и функционален простор за секојдневно уживање.

„Секојдневно докажуваме дека решавањето на проблемите и потребите на граѓаните продолжува“, истакна градоначалникот Костадиноски, нагласувајќи ја посветеноста на локалната власт кон подобрување на условите за живот во општината.