сончево

Сончево и многу топло и денеска, дожд во недела

Македонија

УХМР најавува дека во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во опаѓање. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. До сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за месец јули.