Штипјанка чистејќи го станот на починатиот татко пронашла рачна бомба

Хроника

Во СВР Штип, Е.З.(47) од Штип пријавила дека додека го чистела станот на нејзиниот починат татко пронашла рачна бомба, пренесе ТВ Стар.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата и за настанот бил запознаен јавен обвинител.