AЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВЕН КАКО СВЕТЕЦ ВО ПЕШТЕРСКАТА ЦРКВА „СВ. БОГОРОДИЦА“ СО ПРЕКРАСЕН ЖИВОПИС КАЈ СЕЛОТО ТУМИНЕЦ

Дали Знаете

На неколку километри источно од селото Туминец во Мала Преспа, Република Албанија, на десетина метри од македонската граница, на самиот брег на Преспанско Езеро, на локалитетот Орлов Рид, во вертикалниот карпест дел од брегот се наоѓа пештерска црква „Св. Богородица“ со, особено, интересен живопис. Меѓу жителите на Туминец, местото е познато како „Црквината“, а се работи за пештерска црква на повеќе нивоа, која во некој постар период била населена со монаси.

Во вертикалниот брег се издлабени најмалку три простории, една над друга, а до нив се доаѓа по скали, кои на почетокот се бетонски, обновени во поново време, а на вториот и третиот кат се искачува по дрвени скали. Пештерските простории започнуваат со првата, која е на дсетина метри над земното ниво, а завршуваат со третата, која се наоѓа на триесет метри на вертикалниот брег. Сите простории биле затворени со камен ѕид, а до секоја од нив се доаѓа по специјално подготвена патека, ходници и скали. Пред вратите на просториите биле изградени и чардаци од дрвена конструкција, но денес останал само чардакот пред најниската просторија, која е најзачувана и целосно живописана во внатрешниот простор. На оваа просторија, најпрво се соочуваме со исклучително квалитетно изработениот лик на патронот на црквата, св.

Богородица со малиот Исус, од типот Умиление, во убаво обликувана ниша над влезната врата. Ретко убавата претстава на св. Богородица со малиот Исус е дополнета со импресивно украсена рамка на нишата. На вертикалниот дел од рамката, во централниот дел, среќаваме ликови на два лава, „чувари“ – по еден од двете страни, а целата рамка е богато украсена со одмерени, добро хармонизирани флорални украси, кои и даваат свечен изглед на целата ниша со патронскиот лик. Зографот употребил живи, впечатливи бои, употребени со чувство за хармонија и нагласено естетско ниво. На долниот дл од нишата, хоризонтално бил испишан текст посветен на ктиторот, јеромонахот и игумен, Пајсиј и на зографот Алексиј, ученик на познатиот зограф, Јован. Еве како се изјаснил Гоце Ангеличин – Жура, историчар на уметност, археолог и истражувач од Охрид, за овој портрет на св. Богородица:

– „Пред главниот влез во една полукружна ниша, орнаментирана флорално и глави на два лава, е насликана една од најубавите иимпресивни претстави на Св. Богородица со малиот Христос од типот Умиление.“

Целиот текст може да го проследите на следниот линк.

AЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВЕН КАКО СВЕТЕЦ ВО ПЕШТЕРСКАТА ЦРКВА „СВ. БОГОРОДИЦА“ СО ПРЕКРАСЕН ЖИВОПИС КАЈ СЕЛОТО ТУМИНЕЦ, МАЛА ПРЕСПА, АЛБАНИЈА