
(ФОТО) Жена од Скопје се породи во албулантно возило на пат кон болница
Едно новороденче пристигна на светот во несекојдневни услови. Женско бебе се роди во амбулантно возило на пат кон скопска болница, а медицинските лица го дочекаа со огромни насмевки.
Д-р Даниел Кировски сподели фотографија од необичното породување и откри дека станува збор за здраво девојче.
Во краток текст тој раскажа:
Ново срце запиша први отчукувања – на пат, во амбулантно возило, во длабока ноќ.
Во моменти кога времето станува критично, кога нема простор за двоумење – животот си го наоѓа патот.
Имав чест да бидам дел од породување кое се случи во движење, само неколку минути по полноќ. Девојче – здраво, силно и прекрасно – дојде на свет во рацете на медицинскиот тим. Без родилна сала, но со целосна посветеност, мирна координација и срце полно адреналин.
Мајката и бебето се во одлична состојба.
Во вакви моменти потсетуваш зошто си го избрал овој повик – затоа што животот понекогаш се раѓа баш таму каде што најмалку очекуваш.