Продолжено затворањето на ул. „Широка“ во Битола до 23 јули поради градежни работи

Македонија

Градежната компанија ГД „Гранит“ АД Скопје ја информира јавноста дека затворањето на улицата „Широка“ во Битола ќе биде продолжено до среда, 23 јули 2025 година. Причината за продолжувањето на затворањето е реализацијата на проектот на Општина Битола за реконструкција на дел од улицата „8-ми Септември“.

Проектот опфаќа повеќе фази, вклучувајќи: реконструкција и доградба на коловозот во должина од 840 метри, изградба на атмосферска и мешовита канализација, изработка на куќни приклучоци, нова водоводна мрежа, како и поставување на улично осветлување.

Според Временото сообраќајно решение – фаза 7 и 8, затворањето на споредната улица „Широка“ е неопходно за безбедно извршување на градежните активности, особено оние поврзани со асфалтирање.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената привремена сигнализација и да ги користат алтернативните патишта за движење.