Македонци од Леринско масовно ја одбележаа Илинденската прослава во Овчарани

Балкан

Овчарани, Леринско – Илјадници Македонци од цело Леринско вечерва се собраа во селото Овчарани (грчки: Мелити) на традиционалната илинденска прослава по повод големиот празник Свети Илија.

Прославата започна со македонски песни, ора и народни носии, кои уште еднаш го потврдија живиот македонски дух и културна традиција што се негува со генерации.

Илинденската прослава продолжува и денес, на 20 јули, со културно-уметнички настани, дружење и празнична атмосфера.

 

Овчарани, останува симбол на народен пркос, љубов и непребол.