
ВЛЕН: Со новиот Закон за игри на среќа ќе се отстранат 4000 VLT-апарати
Со усвојување на Предлог-законот за игрите на среќа од страна на Владата, ја отвораме најрешителната офанзива против коцкарските картели која со години ја претвораше сиромаштијата на Албанците во своја валута. Го наследивме општеството во кое секој агол, од селските улици до центарот на градовите беше обележан со светкави излози на казина и обложувалници. Над 7 000 VLT-апарати безмилосно им ги празнеа џебовите на нашите граѓани, додека претходната власт се колнеше во „економски развој”, порачаа утрово од коалицијата ВЛЕН.
Оттаму се пофалија дека со новиот Закон за игри на среќа ќе се отстранат 4 000 апарати, со што, како што велат, коцкарската инфраструктура се намалува за најмалку 70 %.
-Ова е само прв, но огромен чекор кон целосно прочистување на теренот. Законот предвидува забрана на рекламирањето на коцкањето, нема повеќе агресивни спотови што го мамат младиот ум со блескави ветувања за „брза среќа”. Казината и обложувалниците исчезнуваат од населбите каде што има млади луѓе. Околу секој образовен објект воспоставуваме заштитен појас од 500 метри за децата да стигнат до училишниот праг без да минат низ коцкарски коридор.
Ја затвораме вратата и за лакомите лиценци: од сега, нема повеќе една дозвола за бескрајни филијали. Даночните обврски и лиценцните такси драстично се зголемуваат, а секој обид за заобиколување на системот ќе завршува со конфискација и кривична одговорност, велат од ВЛЕН.
Според коалицијата, нивната борба не застанува на физичките адреси