
Советник на СДСМ во Кисела Вода јавно му се заблагодари на Орце Ѓорѓиевски за сработеното во општината
Тоше Костадиновски координаторот на советничката група на СДСМ во Општина Кисела Вода, од говорницата јавно му оддаде принание на актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски за неговата работа.
Јас сум дел од овој совет веќе осум години и веќе сме при крај од вториот мандат. Чувствувам одговорност и задоволство да им се обратам на граѓаните да им се заблагодарам за поддршката воедно и да се откажам од битката за нов трет мандат, бидејќи сите проблеми кои го гушеа Припор во изминатите 30 години се веќе решени. На идните советници ќе им остане она што се нарекува шминкерај по улиците, истакна Костадиновски.
Тој во своето обраќање му се заблагодари на актуелниот градоначалник на општината, Орце Ѓорѓиевски и на сите советници.
Видеото во целост може да го проследите тука.