Алказар со половина милијарда долари инвестира во ветерен парк кај Штип – стартува најголемиот енергетски проект во земјава

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

На почетокот на изградбата на најголемиот ветерен парк во Македонија, ќе присуствуваат и ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и ко-основачот и управувачки партнер на „Алказар енерџи“ Даниел Калдерон.

Ветерниот парк, кој е најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот, ќе биде лоциран меѓу Штип, Карбинци и Радовиш на површина од околу 326 хектари.

Предвидено е да има 55 ветерници кои ќе произведуваат електрична енергија со која ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства.

Реализацијата на проектот, како што истакнуваат од „Алказар енерџи“, ќе донесе бројни придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните, создава трајна вредност за државата и отвора голем потенцијал за понатамошен развој. Ветерниот парк претставува и значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата.