
Меџити најави крај за коцкарниците покрај училишта
Владата го усвои новиот Закон за игрите на среќа, а според вицепремиерот Изет Меџити, тој претставува клучен чекор во заштитата на младите и граѓаните од штетното влијание на коцкањето.
Со новиот пропис, коцкарниците, автомат-клубовите и спортските обложувалници ќе бидат дислоцирани подалеку од образовните установи.
„Ќе ја исчистиме околината на училиштата од влијанието на оваа деструктивна индустрија. Учениците повеќе нема да бидат изложени на коцкарска култура – младите ќе бидат заштитени, како што заслужуваат,“ порача Меџити.
Законот предвидува построги правила, повисоки даноци и строги услови за работа, со цел да се елиминираат операторите кои досега работеле на штета на граѓаните и институциите.
„Стававме крај на времето кога профитот од коцкање беше поважен од благосостојбата на граѓаните. Ова е закон во интерес на обичниот човек – на ученикот, на родителот, на семејството,“ рече Меџити, додавајќи дека оваа Влада покажала дека кога има политичка волја, промените се можни.
Новиот закон ќе започне со примена по неговото изгласување во Собранието.