
Омерагиќ: Не го искористивме успехот со пласманот на европското првенство
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, во своето гостување на поткастот „Пресинг“ на фудбалската легенда Дарко Панчев, зборуваше за неговата фудбалска кариера, предизвицие и идните планови на ФФМ.
„Ние имаме еден проблем основен – тоа е инфраструктурата, терените. Ние мислам дека како држава и како федерација успехот што го направивме со пласманот на европско првенство е историски и голем успех, меѓутоа ние после тоа немаме бенефит од тоа“ истакна претседателот на ФФМ, алудирајќи на загуба на моментот од приближување на фудбалот во моменти на најголемиот успех на нашата А репрезентација.
„Ние не го пропагиравме фудбалот меѓу младите, ние не инвестиравме во инфраструктура – ние погрешни одлуки донесовме, инвестиравме во трибини. Ние мораме со локалните самоуправи и со клубовите коишто гравитираат во тие општини да се разговара каде има земјиште да се направат терени. Фудбалер се станува на терен, не се станува на трибина“ дополни Омерагиќ, осврнувајќи се на потребата на добрите терени како нужен предуслов за квалитетни академии за млади фудбалери.