
Игор Џамбазов наполни 62 години: „На денешен ден почнав самостојно да дишам“
„Едвај чекам да видам што ќе напишеш кога ќе наполниш 69. Држ’ се!“ – му порача Снеже Велков на Игор Џамбазов, кој денес слави роденден.
Актерот, музичар и шоумен, Игор Џамбазов, денес слави роденден.
Тој полни 62 години, па во свој стил, преку Инстаграм, прво самиот си го честиташе роденденот.
„На денешен ден, пред 62 години, почнав самостојно да дишам. И сè уште дишам. Оти дишам длабоко. И не е битно колку се. Битно е дека сè уште можам да ги пребројам. 2025-1963=62“ – напиша тој.
А по ова, доби бројни честитки од пријателите, следбениците, јавните личности кај нас.
„Едвај чекам да видам што ќе напишеш кога ќе наполниш 69. Држ’ се!“ – му порача Снеже Велков.
Лила му посака да „тера до стотка“, а Викторија Лоба – да продолжи да инспирира со Секој здив.