ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР: Објавена фотографија од убиените татко и син во Прилеп

Хроника

Двојно убиство и самоубиство синоќа се случило во Прилеп, дознава “Скопје1”. Според неофицијални информации од наши извори, драмата се одвивала за време на семејна веселба.

“Скопје1” дознава дека вујко, убил внук и таткото на внукот, по што извршил самоубиство. Засега овие информации се непотврдени од институциите.

На терен во месноста каде се случил ужасниот настан, има силно полициско присуство.

Информации од МВР се очекува во текот на утрото. На социјалните мрежи се објавува и фотографија од жртвите на напаѓачот.

Иако се уште нема детали од МВР и ОЈО, од она што го пренесуваат медиумите и сведоци на настанот, во вчерашниот инцидент вујко ги убил својот малолетен внук и неговиот таткот (зет на убиецот) во неговата куќа во една од прилепските населби.

Убиецот фрлил и експлозивна направа, пукал и кон полицијата, по што некаде после полноќ самиот си го одзел животот.

Повеќе информации за мотивите и причините за двојното убиство, очекуваме во МВР и ОЈО во текот на денот.