Шеснаесет банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга по Коридорот 10

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставиле писма со изразување на интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга долж Коридорот 10, информира Министерството за финансии.

Барањето за изразување интерес било испратено до 24 финансиски институции, а рокот за одговор истече на 7 јули 2025 година. Вкупната вредност на проектот за која се бара финансиска поддршка изнесува 1,91 милијарда евра.

„Во наредниот период ќе се врши анализа и евалуација на пристигнатите понуди за финансирање на проектот за брзата пруга долж Коридорот 10“, соопштуваат од Министерството за финансии.

Барањето е испратено врз основа на заклучок на Владата, а до меѓународните финансиски институции и банки, покрај писмото, било доставено и детално образложение за проектот, изготвено од Министерството за транспорт и врски и МЖ Инфраструктура. Документот претходно бил разгледан и одобрен од Владата.