(ВИДЕО) Масовна тепачка и апсење во близина на пожарот во Визбегово

Хроника

Голем пожар што беснее цел ден на дива депонија во скопската населба Визбегово денеска предизвика дополнителен хаос, откако попладнево изби масовна тепачка меѓу група граѓани.

Според информациите на Press24, во еден момент дошло до жесток конфликт меѓу неколку лица, по што интервенирала полицијата. Приведено е најмалку едно лице, а присутните велат дека ситуацијата била напната и вознемирувачка.

Црниот чад од пожарот се шири над голем дел од Скопје и е видлив од различни делови на градот. На терен интервенираат повеќе противпожарни екипи, а во гаснењето се вклучи и хеликоптер кој претходно бил ангажиран во Дојран, каде исто така има активен пожар.

Надлежните апелираат на смиреност и почитување на упатствата на службите на терен.

Целото видео може да го проследите на овој линк.