ЗА ДА ПОСТОИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ МУ ТРЕБА ВАША ДОЗВОЛА Словенечка европратеничка на македонски им се обрати на бугарските европратеници (ВИДЕО)

ИСТОРИЈА, Македонија, Политика

Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас Вајц, синоќа беше разгледан на пленарната седница во Стразбур. Во дебатата учествуваа голем број европратеници, вклучително и самиот Вајц, како и неколку бугарски претставници.

Посебно внимание предизвика дискусијата на словенечката европратеничка Ирена Јовева која зборуваше на македонски јазик. Таа им се обрати на бугарските европратеници со зборовите:

-За да постои на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на Вас за да го признаете тоа Ви треба чесност, инегритет, храброст, знам – рече меѓудругото Јовева.

Јовева има македонско потекло и ѝ припаѓа на партијата „Движење за слобода“, која е дел од парламентарната група „Обнова на Европа“, која претходно најави дека нема да гласа за бришење на македонскиот јазик и идентитет.

Целото видео може да го проследите на следниот линк.