Коњановски со честитка за 4 Јули: 30 години силно партнерство меѓу Македонија и САД

Македонија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по покана на амбасадорката на САД во Македонија, Н.Е. Ангела П. Агелер, присуствуваше на свечениот прием по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави – 4 Јули, како и одбележувањето на 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и САД.

Во честитката, Коњановски упати искрени честитки до американскиот народ, истакнувајќи ја важноста на стратешкото партнерство и пријателството кое се градело низ децениите:

„Нека и следните 30 години пријателство и стратешко партнерство помеѓу нашите два народа бидат уште поуспешни и инспиративни,“ напиша Коњановски.

 

Свечениот прием се одржа во знак на 249-годишнината од независноста на САД, а годинава беше одбележан и значаен јубилеј – три децении од дипломатската соработка меѓу двете земји.