
Кос со моќна порака: Македонскиот идентитет не смее да биде тема за политички преговори
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, одржа силна и емотивна порака во Скопје, потенцирајќи дека македонскиот идентитет не смее да се третира како тема за политички преговори.
На прес-конференцијата заедно со премиерот Христијан Мицкоски, Кос нагласи дека идентитетот е нешто што се носи длабоко во душата и срцето, а не се договара на маса.
„Идентитет е како се грижиме за нашата традиција, на пример манастирите во Северна Македонија, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки. Како на пример ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме во однос на зачувување на нашиот јазик и никој не може ова да ви го одземе на вас Македонците“, изјави Марта Кос, додавајќи дека примерот на Словенија, како мала земја која успеала да го зачува својот јазик како официјален во Унијата, покажува дека членството во ЕУ е силен гарант за националниот идентитет.