Кос: Европа не може да биде обединета без Западниот Балкан

Македонија

Првпат во историјата на Европа, доколку правилно работиме, со процесот на проширување можеме да ја обединиме Европа. Европа не може да биде обединета без Западниот Балкан, им порача еврокомесарката за проширување, Марта Кос на лидерите на земјите од Западен Балкан денеска во Скопје. Таа истакна дека за Европската унија значаен е проектот за градење на независна Европа, Европа во која граѓаните одлучуваат за нивната иднина. Но, како што рече Кос за да се реализира ова треба да се зајакне конкурентноста, да се брани демократијата од надворешни непријатели, во свои раце да се земе безбедноста на континентот и последните чекори се унификација на Европа, а тоа значи зголемување, проширување врз основа на заеднички вредности и принципи.

– Првпат во историјата на Европа, доколку правилно работиме, со процесот на проширување можеме да ја обединиме Европа. Европа не може да биде обединета без Западниот Балкан. Слушам слични мислења во Копенхаген, Данска го презема претседателството денеска во Берлин, во Варшава и во Париз и го подвлекувам ова, затоа што сакам бидам јасна дека има јасен консензус за дополнително и идно проширување, сега. Не беше така во минатото, но имате шанса, што морате да ја искористите, нема да трае секогаш и гледаме значаен прогрес, рече Кос.

Таа го истакна напредокот на Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија. Посочи дека Албанија отвори три кластери, во последните шест месеци, со што како што рече „придонесовте на успехот на процесот на проширување“.

– Доколку продолжиме вака ќе можеме да ги отвориме сите кластери годинава и како што ви кажав вчера едвај чекам да го прославиме отворањето на кластерите. Црна Гора во петокот затвори уште едно поглавје и во Босна и Херцеговина реформската агенда се усвои и чекаме да се формира нова Влада. Господине, Курти вие навистина вложивте многу енергија во процесот на пристапување и веќе продолжуваме напред во Србија. Се надевам дека ќе можеме одиме понатаму. Но, ова е процесот на проширување. Сега сме тука за Планот за раст, драг Христијан ви кажав дека сме успешни и се разнежнувам кога зборувам за Западен Балкан, затоа што регионот ми е многу драг, рече Кос во своето обраќање.

Еврокомесарката за проширување, Кос додаде дека сака да помогне за да се премине преку целта.

– Знам дека клучните реформи, коишто ги бараме од вас не се едноставни. Тие задираат закоравени структури на интереси, на моќ и на многу начини бараат длабока општествена темелна трансформација и потребно е лидерите да ја водат оваа промена, порача Кос.

Таа во своето воведно обраќање изрази и сочувство за настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“

– Многу млади животи беа загубени, а многу други беа повредени, а некои се уште се лекуваат по болниците. Често пати мислам за жртвите и за повредните и за тоа како ништо не е поважно од семејството и од заедницата. Добро е да се знае дека во овие тешки моменти, други Европејци, европската заедница можат да дадат помош и механизмот на Европа веднаш координираше испраќање на повредените, кои беа лекувани во болници во Шведска, Шпанија, Литванија, но вашите соседи беа тие, Србија, Грција и Бугарија, коишто први одговорија и згрижија многу од повредените. Европа покажува солидарност за секого – рече Кос.