Осум медали за македонските ученици на Јуниорската балканска математичка олимпијада

Дали Знаете, Македонија

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска преку социјалните мрежи сподели убави вести за успехот на учениците кои учествуваа на Јуниорската балканска математичка олимпијада што се одржа во Струга од 25 до 29 јуни.

„Два сребрени и шест бронзени медали за македонските ученици на 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада што се одржа во Струга од 25 до 29 јуни. Браво деца, гордост сте, порача министерката во својата објава.