Сончево со температура до 38 степени, од четврток уште потопло

Времето денес

Според Управата за хидрометеролошки работи, од четврток и за време на викендот живата во термометрите насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени, а наместа ќе достигне и до 40 степени.

Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а наместа и повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 11 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 29 до 38 степени.

Сончево со мала до умерена облачност ќе биде и во Скопје, каде исто така ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до високи 38 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, сончево и топло време ќе продолжи и во текот на следните денови од седмицата. Температурите, како што информираат оттаму, ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога живата во термометрите насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени, а наместа ќе достигне и до 40 степени.