Латас до Костадинов: ДОЈДИ И УБИ МЕЈ, или пушти вода во ќенефот на СДСМ и исчезни однесен од неа!

Колумни, Македонија

Малиот градоначалник на Струмица К.К. викан Кока повика на убиство, мое, заради кажан збор. Илустрирано со крв, и мотивација и повик и до други да го сторат тоа. Тоа во неговиот пост е неспорно, и секако дека ќе поднесам кривична пријава за наведеното.

Небитно дали бил нашмркан кога пишувал, или не, стореното е сторено. И нема да заврши тука, на неговиот пост.

Нека не повикува други, нека го изврши убиството сам, лично. Нека не лежи по затвори некој друг заради неговата нашмрканост и нагон на убивање.

Плукам на тебе и на твојата фамилија која те создала и воспитала таков, убиец во најава. Ти си срам за себе, за својата фамилија и за Струмица која масовно ја рекетираш и крадеш, за што допрва ќе се пишува и чита. Ни син, ни маж, ни политичар. Нула. Гнида отфрлена од сите.

Меѓу неговите другари дилери и пријателите дилбери со дебели вратови и ментални проблеми има кандидати за извршување на неговите намери. Да се докажат пред лигавиот, да му учинат. Но, на крај тие ќе лежат во затвор наместо него, што баш и не им личи прифатливо. И поттикот на убиство извршено од друг е кривично дело.

Нека не фрла друг во огин. Ако има муда, ако е маж, нека дојде – и нека го направи тоа.

Или ќе го направи, иле ќе остане тое што е, лигав полтрон на Зоран Заев полуден што го оставила вереницата, му собрала имот и избегала за друг. Полуден што Зоран Заев се мисли дали да го кандидира пак за градоначалник. Полуден што апсењата на бандата од Заев веќе почнаа, а тој е еден од нив. Полуден што феудализмот во Струмица завршува.

Нека не чека долго. Или пукај, лично, и емитиконите со крв од постот претвори ги во дело. Или пушти вода во ќенефот на СДСМ и исчезни однесен од неа.