
Димитриеска Кочоска: Индустријата забрзано расте, поддршката за домашното производство дава резултати
Во мај 2025 година индустриското производство во земјата бележи значителен раст од 9.4% во споредба со истиот месец лани, покажуваат официјалните податоци. Најголем придонес за ваквиот позитивен тренд има рударскиот сектор, каде е регистрирано зголемување од 18.8%.
Преработувачката индустрија, која е еден од клучните сегменти на домашната економија, порасна за 9.0%. Во рамки на неа, најголем придонес имаат прехранбената и текстилната индустрија, како и производството на пијалаци, фармацевтски и хемиски производи. Значителен раст се бележи и кај производството на електрична опрема, моторни возила и мебел.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, оцени дека овие податоци се силен показател за стабилизирање и зајакнување на индустриската активност, со директно влијание врз економскиот развој. Таа додаде дека Владата останува посветена на поддршка на домашното производство, стимулирање на извозот и обезбедување на услови за долгорочен економски раст.
