
Пуштен во употреба експресниот пат Дреново–Фариш: Николоски најавува нова ера во инфраструктурата
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска го означи пуштањето во употреба на делницата Дреново–Фариш, која е дел од експресниот пат Градско–Прилеп.
„Нека е аирлија! Ја градиме Македонија!“, порача Николоски, нагласувајќи дека модерната патна инфраструктура е клучен приоритет на Владата.