Менди Ќура влегува во трката за Струга како независен кандидат: Време е за обединување и визија за иднината

Македонија

Менди Ќура, познат стружанец и стопанственик, денеска официјално ја објави својата независна кандидатура за градоначалник на Општина Струга. Во обраќањето до јавноста, тој изјави дека одлуката ја донел по бројни разговори со граѓани, бизнисмени и млади кои барале нова насока за градот.

„Ова не е личен потег, туку одговор на повикот на стружани кои сакаат промени. Не доаѓам како спасител, туку како човек со искуство, со визија и волја да работам чесно и посветено за Струга“, рече Ќура.

Тој ја нагласи потребата од транспарентност, одржлив развој, инвестиции во инфраструктурата и отворен дијалог со сите граѓани – без оглед на етничка, верска или политичка припадност.

Ќура повика на обединување и соработка: „Ова не е трка за власт, туку борба за иднината на нашиот град. Го поддржувам секој што верува во Струга и сака подобро утре.“

Кандидатурата на Менди Ќура претставува сериозен предизвик на политичката сцена во Струга, а според него, „промената е повеќе од неопходна и важна за градот“.