
ВЛЕН: Пописот ја избриша дијаспората, ДУИ молчи пред вистината
Повеќе од 20 години на власт, ДУИ со своите деструктивни политики не донесе развој, туку празнење. Не само што ги натера стотици илјади Албанци да емигрираат, туку со пописот на населението во 2021 година, ги „избриша“ и оние што останаа. Пописот се претвори во средство за поткопување на реалноста на Албанците во државата, додека раководството на ДУИ, како и секогаш, избра тишина пред уште еден политички криминал.
Но, тишината не е доволна за да се избегне одговорноста. Албанскиот народ бара одговори: зошто беше прифатено дијаспората да се третира како „нерезиденти“, кога токму таа ја одржува економијата и ги помага семејствата со секојдневнo жртвување?
Како што ветивме, коалицијата ВЛЕН секојдневно ќе ја открива болната вистина за еден процес кој требаше да биде огледало на реалноста, а се претвори во измама и срамно предавство од страна на ДУИ кон Албанците.
Следните примери на манипулација се јасни и документирани, особено во струшкиот регион:
Во селото Ладожишта се регистрирани само 1.344 жители над 18 години, додека на изборите во 2024 година гласале 2.397 граѓани, или повеќе од 1.000 разлика.
Во Велешта се регистрирани 2.196 жители, а гласале 2.377, речиси 200 повеќе.
Во Ливадија, исто така, има повеќе гласачи одошто регистрирани жители.
Со вакви потези ли ја намалувавте присутноста на Албанците во државата?
Сега се поставуваат и други прашања, на кои ДУИ никако не смее да избега:
Зошто беше потпишана методологија што го намалува бројот на Албанците?
Зошто не се заштити придонесот на дијаспората во животот на оваа држава?
Зошто прифативте Албанците надвор од државата да се одделат од остатокот од народот?
Овие „ЗОШТО“ не се само прашања тие се обвиненија против оние кои го искористија пописот за партиски цели.
Ако ДУИ мисли дека сето ова ќе помине со молк, тешко се лаже. ВЛЕН нема да престане да ги разоткрива вистините што биле покриени со лаги.
И ова е само почетокот.