Семејниот ден во Кисела Вода – Ѓорѓиевски најави повеќе настани што обединуваат

Македонија

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше дел од веселата и енергична атмосфера во Парк „Македонија“, каде што се одржа настанот „Семеен ден“ – еден од врвните моменти од богатата програма на Културното лето 2025.

 

„Денеска видовме насмевки, енергија и искрена среќа. Сето тоа е доказ дека кога инвестираме во заедницата и во нашите најмлади, инвестираме во иднината“, изјави Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека ваквите настани се симбол на вредностите што ги негува Кисела Вода – топлина, поддршка и поврзаност.

Настанот понуди богат и забавен програмски дел за најмладите: детски перформанси, музички и танцови точки, спортски игри, креативни работилници, аниматори, маскоти, трамболини и фотозона. Специјални настапи имаа дечињата од градинките „8 Март“ и „Весели Цветови“, театарската група „Отпишани“, како и танцовиот клуб Dance Latina-Стефи. Паркот беше претворен во вистинска детска авантура исполнета со смеа и радост.

 

„Продолжуваме со работа во таа насока – да создаваме уште повеќе вакви моменти каде што заедништвото е во прв план“, рече градоначалникот.

Културното лето во Кисела Вода ќе биде заокружено вечерва со голема завршна програма на сцената во Парк „Македонија“. Публиката ќе ужива во настапите на стенд-ап комичарите Бојан Велевски и Маријан Георгиевски, а вечерта ќе заврши со концерт на Теа и 2Exit и добро познати македонски евергрини.

„Ве поканувам на уште една прекрасна вечер!“, порача Ѓорѓиевски.