
Прослава за паметење во Кисела Вода – Ѓорѓиевски: Ова е само почеток!
Со голема еуфорија и присуство на илјадници граѓани, во Кисела Вода се одбележа роденденот на општината со спектакуларна прослава, која ќе остане запаметена како една од најпосетените и највеселите во Скопје последниве години.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, обраќајќи се до присутните, емотивно се заблагодари на граѓаните за нивната поддршка и енергија. „Да кажам благодарам е малку – јас ви се поклонувам мој народе“, порача тој, потенцирајќи дека токму луѓето се причината за вложениот труд, визијата и ентузијазмот со кој се води општината.

Музичкиот дел од програмата ги собра на исто место едни од најголемите домашни музички имиња – 2Бона, Некст Тајм и Слаткаристика, кои се погрижија атмосферата да биде на највисоко ниво и вечерта да прерасне во вистински празник за сите генерации.

„Ова не е крај, ова е само увертира за она што следува! Кога знаеш каде одиш, кога имаш визија и поддршка, тогаш е јасно – најдоброто допрва доаѓа“, истакна Ѓорѓиевски, најавувајќи уште посилна и поамбициозна работа во иднина.

Прославата заврши со силна порака за заедништво и развој, а Кисела Вода го прослави својот роденден со стил, гордост и порака – „Најдоброто за сите!“
