АФРИКАНСКИ ПЕКОЛ ВО МАКЕДОНИЈА Следната недела ќе врие од жештини, доаѓа нов топлотен бран

Времето денес

Под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од Африка и поле на висок воздушен притисок, во периодот од (понеделник 30 јуни) до (петок 4 јули) времето во нашата Република Македонија ќе биде многу топло и сончево со појава на сосема мала локална облачнот.

Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено во понеделник и во вторник. И во Скопскиот регион во погоре споменатиот период следува многу топло време со многу сонце и со повремено засилување на ветерот од северен правец, особено во понеделник и во вторник.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачува помеѓу 38 и 39 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува 9.