
ПЕТАР ДЕНКОВСКИ ЌЕ БИДЕ НОВ НАЦИОНАЛЕН ФИБА ИНСТРУКТОР
Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација ја официјализираше промената
Важи за официјален делегат-контролор на Светската кошаркарска федерација, а по одлуката на Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација, и официјално, Петар Денковски ќе биде и национален ФИБА инструктор за Македонија.
Долгогодишниот судија со знакот на ФИБА, кој пред извесно време стави крај на својата интернационална судиска кариера е именуван за нов национален ФИБА инструктор.
Практично, Денковски ќе продолжи со работата која во изминатиот период успешно ја извршуваше неговиот колега, Ѓорѓи Пиперков.