
Комерцијална повторно води по промет – МБИ 10 на 10 600 поени
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.
Динамика на тргување и пазарни движења
Македонската берза на 27 јуни 2025 година оствари вкупен промет од 8 701 643 денари, при што активноста се концентрираше кај банкарскиот, енергетскиот и телекомуникацискиот сектор. Индексот МБИ 10 порасна за 0,80 % и се искачи на 10 600,01 поени, додека ОМБ остана непроменет на 126,71 поени.
И покрај обемната листа на државни и корпоративни обврзници, денес не беа реализирани трансакции во обврзничкиот сегмент, што го остави индексот ОМБстабилен на 126,71 поени.
Берзанскиот ден на 27 јуни 2025 година беше умерено ликвиден, со фокус на Комерцијална банка, МакедонскиТелеком и Макпетрол, кои заедно учествуваа со над половина од вкупниот промет. Благодарение на добивката кај Макпетрол и, МБИ 10 се искачи на ново годишно ниво од 10 600 поени.