Ви се верува ли? И во центарот на Скопје може да пиете квалитетно кафе за 50 денари!

СКОПЈЕ

Љубителите на кафе знаат колку е важно во еден град во кој ќе се најдат да има убаво и евтино кафе! Иако цените на сѐ растат вртоглаво, твитерџија сподели дека во Скопје може да се најде добро кафе и по цена од 50 денари и тоа, не било каде, туку во центарот на градот.

– Најдов во Скопје кај има еспресо за 50 денари и тоа во строг центар. Кафичот е скоро на тротоар ама добро еспресо и плус евтино!