Моментот кога Македонците поставија нов државен рекорд во Марибор (ВИДЕО)

Македонија, Спорт

Македонската атлетика запиша уште еден значаен успех на Европското првенство (трета дивизија) што се одржува во Марибор, Словенија. Македонската штафета на 4х100 метри освои второ место и постави нов државен рекорд.

Тимот составен од Трајковски, Алексовски, Петров и Стојоски ја истрча трката за 40,89 секунди, што е најдобро време во историјата на Македонија за оваа дисциплина. Македонците за само пет стотинки го пропуштија златото, кое го освои тимот на Исланд.

Овој резултат претставува голем поттик за македонската атлетика и уште една потврда за напредокот на нашите спортисти на европската сцена.

Погледнете ја трката во видеото подолу: