Вратете се Македонци, песна чии стихови имаат посебно значење за сите со потекло од Егејот (ВИДЕО)

Дали Знаете, Живот

Вратете се Македонци се стихови од песна која што е малку позната во Република Македонија но има посебно значење за сите со потекло од Егејот, пишува авторот на видеото на кое се гледа со каква емоција се пее песната во Грција за време на македонска прослава.

„Вратете се Македонци“ е македонска народна песна посветена на македонските печалбари кои во песната, Македонија ги бара да се вратат дома. Песната има печалбарски карактер.

За дел од Македонците од Егејот оваа песна има симболика и значење кое се однесува и на протераните деца бегалци во граѓанската војна во Грција.

Видеото со оваа песна снимено на ,,панаѓир” во Егејска Македонија на Јутјуб го објавува Кире Трајков.

Целиот текст од народната песна:

Заминавте Македонци,
в’ друга земја, непозната,
да работите.

Ах, вратете се Македонци,
за вас плаче родна мајка Македонија,
ај, вратете се Македонци,
жално плаче родна мајка Македонија.

Си оставивте мајки и сестри,
камен на срце да носат,
многу години.

Ах, вратете се Македонци,
за вас плаче родна мајка Македонија,
ај, вратете се Македонци,
жално плаче родна мајка Македонија.

Бог да молевте, солзи роневте,
гласој наши преку море
не слушнавте.

Ах, вратете се Македонци,
за вас плаче родна мајка Македонија,
ај, вратете се Македонци,
жално плаче родна мајка Македонија.