
Бродот тоне, пробушена уште една гума за спасување на Ахмети – Али остана и без својот началник на генералштаб
Лидерот на ДУИ Али Ахмети останал не само без таканаречената ,,Огнена група” која сега е во ВЛЕН туку и без својот близок соработник и екс началник на генералштаб на поранешната ОНА Гзим Острени.
Анализата за заминувањето на Гзим Острени од ДУИ ја дава екс министерот за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини.
Според Хајредини кој важи за добро информиран за состојбите во ДУИ Острени бил разочаран од ДУИ и Ахмети.
,,Познато е дека покрај „огнената група“, како незадоволен и разочаран од партијата и нејзиниот „водач“ со некои од неговите пријатели од детството, од членство во ДУИ ќе се повлече и командантот на штабот на ОВК, генералот Гезим Острени”, пишува Хајредини.
Пред десетина години Острени ја нападна ДУИ дека е корумпирана индекс е вазал на ВМРО-ДПМНЕ по што ја формираше партијата Унитети која не успеа да добие значителен број гласови на изборите во 2016 година.
Од тогаш тој е малку присутен во јавноста.