Се работи со полна пареа – Зошто баш сега заживеа изградбата на автопатот кон Охрид?!

Македонија

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, во изјава за поткастот на неговата партија, истакна дека во минатото немало доволно координација помеѓу надзорот и изведувачот и затоа не се ни градел автопатот Скопје-Охрид.

Трајановски рече дека немало ниту доволно присуство на Државни патишта на терен.

„Мислам дека со моето присуство, скоро секоја недела сум таму на состаноци, сето тоа го дотеравме во ред и мислам дека резултатите веќе се гледаат и на терен. Се гледа кога одите накај Охрид дека има многу механизација, многу луѓе и на главниот пат и на пристапните патишта“, рече тој.