Се реконструира „Киро Фетак“ – Ѓорѓиевски најавува побезбеден сообраќај и подобра поврзаност

Македонија

Денеска официјално започнаа градежните работи за реконструкција и асфалтирање на улицата „Киро Фетак“ – дел од регионалниот пат Р-1106, кој претставува клучна врска помеѓу општините Кисела Вода, Аеродром, Зелениково и Студеничани со автопатот.

 

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека улицата добива нов асфалт, тротоари и рабници, а паралелно се врши и проширување на мостот кој досега беше познат како сообраќајно црно точка. Во минатото, на овој потег се имаат случено бројни сообраќајни незгоди.

– „Како Општина аплициравме до Владата со проект за целосна санација на мостот, а Јавното претпријатие за државни патишта ја реализира реконструкцијата на улицата“, истакна Ѓорѓиевски.

 

Проектот се оценува како од исклучителна важност не само за жителите на повеќе скопски општини, туку и за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

– „Остануваме посветени. Најдоброто допрва доаѓа“, порача градоначалникот.