
Со „лапање“ на тендери до нова амбиција за градоначлник во Чучер Сандево – СДСМ продолжува да кандидира луѓе на Заев
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ со реакција по повторната кандидатура на Сашко Комненовиќ за градоначалник на Чучер Сандево
„Чучер Сандево е уништена и упропастена општина, благодарејќи на Сашко Комненовиќ кој е човек на Заев и работи по неговите постапки.
Комненовиќ е повторно кандидат за градоначалник во Чучер Сандево, благодарејќи на Заев и неговите тендери со Компанијата Димовски која е блиска до СДСМ и Филипче.
СДСМ, Филипче и Комненовиќ, ја исцедиле општината преку тендери и набавки, за дел од работи кои биле и дел кои не биле потребни.
Во Чучер Сандево, за обичен спортски терен кој да речеме во Бутел чини 2,2 милиони денари, во Чучер Сандево благодарејќи на СДСМ, Филипче и Комненовиќ истиот тој терен чини 4,7 милиони денари, а изведувач секако е Компанијата Димовски.
Ете тоа е се што треба да знаете за СДСМ, Филипче и Комненовиќ. Ја украдоа општината Чучер Сандево, па сега бараат без срам од граѓаните уште 4 години за истото.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи!“