СКАНДАЛ: Политичар Албанец шири омраза кон државата и кон народот

Македонија

Во јавноста денес се појави скандалозен коментар на социјалните мрежи, објавен од политичарот Ваљон Беља, во кој со навредлив тон се шири етничка омраза и се деградираат делови од македонската територија и идентитет.

Во својот јавен коментар, Ваљон Беља напиша:

„Абдал, од Липково до Струга ти се владее албански. Од Велес до Делчево бугарски се зборува. Куманово ти е српско. Почни да научиш албански поарно ќе ти биде. Кажи некој збор за бугарските министри у твоја влада. Тие ти загрозуваат идентитет смотан…“

Коментарот предизвика бурни реакции кај јавноста, бидејќи директно навредува и омаловажува различни етнички заедници, како и делови од територијата на Македонија. Освен тоа, содржината има елементи на говор на омраза и повик за јазично асимилирање.

Во јавноста се зборува дека Ваљон Беља порачува етничките Македонци да учиме албански јазик и истовремено наведува дека македонскиот бил бугарски јазик.

Од надлежните институции засега нема официјална реакција, но граѓански организации веќе повикаа на одговорност и санкции за ваквиот говор кој го поткопува соживотот и уставниот поредок на државата.

Познавачите на правото велат дека тој сторил кривично дело за поттикнување омраза кон народот и државата за што се лежи најмалку 5 години затвор.