
СДСМ го оживеа проклетството на Бучковски од 2004. откажувајќи се од борба во Тетово, Гостивар, Струга, Дебар, Чаир…
Лидерот на СДСМ Венко Филипче ,,го оживеа” проклетството на Бучковски од територијалната поделба во 2004 година и се откажа од борба во Тетово, Гостивар, Струга, Дебар и други општини со голем број граѓани Албанци.
Политичкото проклетство на тогашниот лидер на СДСМ и премиер Владо Бучковски кој кумуваше на територијалната поделба со која Кичево и Струга во етнички и урбано – рурален инжинеринг станаа доминантно албански средини, никогаш не го врати како сериозен играч во политиката.
Откако вчера лидерот на
СДСМ Венко Филипче најави дека партијата нема да исфрли кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар, Чаир и други градови кај дел од јавноста се обновија сеќавањата за однесувањето на СДСМ со Бучковски.
Тогаш Бучковски од многумина беше прогласен за предавник а во Струга за малку се спаси да биде жив запален.
И сега многумина се прашуваат дали СДСМ на Филипче по урнекот на Бучковски се откажува од Македонците во албанските средини како доминантна гласачка база на оваа партија.
Тоа што СДСМ ќе има Советнички листи не е исто со кандидат за градоначалник со чии гласови, ако ништо друго, може да се тргува во вториот круг за да се добијат некакви национални, партиски или граѓански бенефиции.
Како што брифираат од партијата, СДСМ нема да има кандидати во дел општини во западниот дел од земјата и тоа во Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и во Желино.
Без свои кандидати СДСМ ќе биде и во две скопски општини – Сарај и Чаир. Во сите овие општини, СДСМ ќе има само листи за советници.
Претходно вчера партискиот лидер Венко Филипче на прес-конференција соопшти 19 кандидати за градоначалници кои добиле согласност од Извршниот одбор да се борат за мандат на локалните избори во октомври.