Зеленото потекло на струјата станува приоритет за потрошувачите и бизнисите

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

Изборот на снабдувач со електрична енергија веќе одамна не се сведува само на цената или сигурноста на испораката. Сѐ поактуелно станува прашањето дали електричната енергија што ја користиме има зелено потекло – дали доаѓа од обновливи извори. Во фокусот е сертифицираната зелена енергија, која не само што гарантира транспарентност од страна на снабдувачот, туку претставува конкретен доказ за одговорноста на потрошувачот.

Сѐ повеќе компании и институции се решаваат за снабдување од обновливи извори на енергија, не само од етички, туку и од стратешки причини. Потрошувачите што избираат зелена енергија придонесуваат за намалување на јаглеродниот отпечаток, ја поддржуваат енергетската транзиција и ја поттикнуваат изградбата на нови капацитети за чиста енергија. За деловните субјекти, пак, ваквиот избор испраќа силна порака до партнери, клиенти и инвеститори – дека одржливоста е стратешка определба.

Компанијата ЕДС, како дел од најголемата европска енергетска групација во Југоисточна Европа, веќе е етаблирана како лидер во снабдувањето со 100% зелена енергија. Нивните клиенти добиваат официјален сертификат за потекло на енергијата, издаден според европски стандарди, што има особено значење за извозно ориентираните компании кои мора да ги исполнуваат ESG-критериумите – еколошки, социјални и управувачки.

Со изборот на зелени модели на снабдување, компаниите, институциите и граѓаните јасно демонстрираат дека профитот и одржливоста не се исклучуваат меѓусебно. Напротив – тие можат и мора да одат рака под рака, особено во време кога климатските промени и глобалните еколошки предизвици бараат конкретни и одговорни избори. Потрошувачите имаат клучна улога во трансформацијата на енергетскиот пазар – нивната побарувачка веќе го менува начинот на кој се произведува и снабдува енергијата.