
По 8 години се отвoраат портите на ,,Македонско село” затворено од владата на Заев
Во полна пареа се подготовките за отварање на комплексот Македонско село, затворено од страна на владата на Зоран Заев кога СДСМ дојде на власт последниот пат.
Комплексот, кој со години беше запоставен и оставен да пропаѓа во периодот на претходната власт, повторно ќе ги отвори вратите за сите посетители кои ќе добијат уникатна можност да го доживеат традиционалниот македонски амбиент, објави Алфа.
На 19-ти јуни комплексот официјално ќе биде предаден на новиот концесионер „Ла Тераца“, кој ќе стопанисува со едно од најатрактивните обележја на метрополата и државата. Големото отворање под мотото „Да живее Македонија на едно место“ ќе биде на 25 јуни.
Покрај познатите македонски традицонални куќи од сите краеви на Македонија, каде што ќе можат да преноќат странски и домашни гости, концесионерот веќе подолг период работи на реновирање на старите како и на воведување на нови содржини.
Концесионеркот ХСХ Груп има доста големо познавање и искуство во областа на угостителството, хотелиерството и туризмот. Оние кои ќе поминат низ портите на комплексот Македонско село ќе можат да го почуствуваат македонскиот традиционален дух.
Странските туристи и македонските посетители ќе имаат можност после 7 години повторно да го посетат најубавото и најатрактивното место во државата, ќе имаат можност да се запознаат со македонската традиција, храна и култура.
Македонско село се наоѓа во Нерези на Водно, во непосредна близина на Манастирскиот комплекс Свети Памнтелејмон.