ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и топло, од идната недела следува голема промена на времето

Времето денес

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, утре и во сабота наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.