
Од Евровизија, на стадион во Штип: Томи Кеш доаѓа во Македонија!
Естонецот Томи Кеш, кој годинава важеше за еден од фаворитите на Евровизија 2025 во Базел, и кој го освои третото место на популарната музичка манифестација, доаѓа во Штип.
Неговото гостување во земјава е најавено од страна на организаторот на The Festival – Пасворд Продукција, и ќе биде дел од фестот кој годинава за првпат ќе се одржи на стадионот во Штип, од 4-ти до шести јули.
Се уште не е прецизирано на кој датум ќе биде настапот на Кеш, чија евровизиска песна ,,Еспресо макијато” стана хит во Европа, и на која за само еден поен и побегна второто место.
Инаку, вистинското име на музичарот е Томас Тамеметс и има 33 години. Во родната Естонија е познат како рапер, продуцент и визуелен уметник. Првите песни ги објавил во 2012 година, и има освоено голем број на музички награди и признанија во Естонија.