
„Ќерка ти прегази дете во странска земја, дај пари за да не лежи во затвор“ – измамена е 88-годишна скопјанка
МВР информира дека вчера попладне во 14.30 часот во СВР Скопје, 88-годишна жена од Скопје пријавила дека истиот ден била измамена од едно лице за сума од околу 232.000 денари.
Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во странска земја во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.
Како што е пријавено, тие се договориле, по што таа му ги дала парите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.