Општина Бутел додели титули на почесни граѓани: Елиф Елмас, Масар Омерагиќ, Дејан Георгиевски, Шабан Трстена и други меѓу добитниците

Македонија

Со свеченост во Македонската филхармонија, Општина Бутел ја одбележа 20-годишнината од своето основање. Големиот интерес за настанот покажа дека салата беше премала да ги прими сите граѓани, поддржувачи и соработници кои пристигнаа да го прослават јубилејот.

Градоначалникот Дарко Костовски, кој се обрати на настанот, изрази благодарност за поддршката од жителите на општината и најави продолжување на напорите за нејзин развој. Како дел од свечената програма, на негов предлог и со одлука на Советот на Општина Бутел, беа доделени плакети и благодарници на лица кои со својот труд и посветеност дале значаен придонес во развојот на општината.

За првпат, Општина Бутел прогласи почесни граѓани. Меѓу добитниците се:
• Постхумно: Петре Латиновски
• Проф. д-р Аце Миленковски
• Мите Јовановски
• Масар Омерагиќ
• Шабан Трстена
• Проф. д-р Аце Додевски
• Проф. д-р Игор Николов
• Д-р Борче Костовски
• Д-р Енвер Идоски
• Александар Стефанов
• Проф. д-р Даме Димитровски
• Дејан Георгиевски
• Елиф Елмас

 

Дополнително, беа доделени благодарници за лица кои дале посебен придонес во областа на спортот, образованието и административното функционирање на општината.

„Љубовта кон Бутел и кон својот дом ме води и денеска. Делата говорат, а заедно градиме иднина за нашите деца“, порача градоначалникот Костовски.

Настанот беше симболично заокружување на две децении постоење и развој на Бутел, со порака дека со заеднички сили, визија и ангажман, општината продолжува напред.